• Мартин Танасковски

Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) може да добие нов лидер по седмото коло, затоа што лидерот Брегалница киксна на гостувањето кај ГФК Охрид, па сега се чекаат Беласица и Шкендија Арачиново да го одигра својот дуел во Струмица.
Дербито на денот во градот крај езерото заврши 0-0. Овој резултат не им одговара и на двете екипи, затоа што конкурентите освоија бодови.
- Големо Коњари - Кожуф 1-0:
Голем шок доживеа Кожуф, кој загуби на гостувањето кај Големо Коњари (1-0). Ова беа први бодови за нововлезената екипа, па нема веќе екипи со „нула“ на контото во ВМФЛ. До победата која е првенец во шампионатот, тимот на Големо Коњари дојде со автоголот на Дарко Стојанов во 31. минута.
- Преспа - Новаци 0-3:
Новаци ја оправда фаворитската улога и со 3-0 славеше во дуелот со Преспа. Головите за битолчани ги постигнаа Андреј Сиљаноски, Стефан Јовановски и Мартин Андоновски. Првиот падна во 5. минута, останатите два во екстра-времето пред финишот.
- Скопје - Вардар Неготино 4-1:
Скопје се приклучи при врвот, со висока победа над Вардар Неготино од 4-1 во Автокоманда. Виктор Ангелов, Мердиан Рамадани, Горјан Цветков и Армир Иса беа стрелци за „пиратите“, единствениот гол за неготинци го даде Ристе Лембовски.
- Слога Виница - Осогово 0-1:
Осогово освои важни три бода на гостувањето кај Слога Виница (1-0). Единствениот погодок на мечот го постигна Драган Паунов во 65. минута.
- Детонит Плачковица - Победа 3-1:
Детонит Плачковица исто така скокна во горниот дел на табелата, со трите бода против Победа (3-1). Сашо Дуков беше играч на мечот со два гола, еднаш погоди Смилков Александар, додека за прилепчани голот го даде Филип Димоски.
Голеада одиграа Саса и Тетекс, мечот во Македонска Каменица заврши со резултат 3-3. Тетовчани се спасија во луд финиш, со два гола во 89. и 94. минута. Тони Мичкоски беше двоен стрелец за Саса, еднаш погоди Бојан Иванов, додека за Тетекс, стрелаа Азис Јамини, Меритон Салији и Петар Обадиќ.
По седум кола во ВМФЛ, ситуацијата на табелата е следната. Брегалница е лидер со 17 поени, а по неа следат Беласица со 16 и Шкендија Арачиново со 14 поени, овие две екипи играат меѓусебен дуел. Исто така и Скопје дојде до бројката од 14 поени, пред Детонит Плачковица со 13 поени. На дното, се наоѓаат Големо Коњари, Преспа и Слога Виница, трите екипи имаат по три бода, следи Победа со четири бода, па Вардар Неготино со шест освоени бода.







