• Горан Упале
Една седмица откако беше одреден распоредот на натпреварите во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана и ждрепката за второлигашкиот шампионат.
И во новата сезона шампионатот ќе брои шеснаесет екипи, а новајлии ќе бидат тимовите на Борец, кој направи експресен кам-бек, и Вардарски од Богданци. Интересни дуели ќе гледаме уште во првото коло, затоа што некогашните прволигаши Брегалница и Победа меѓусебе ќе ја водат првата битка за бодови, а интересно треба да биде и во Ѓорче Петров, каде „лавовите“ ќе се судрат со Охрид.
Парови во првото коло од ВМФЛ:
Осогово – Вардар Неготино
Скопје – Вардарски
Кожуф – Саса Каменица
Детонит – Новаци
Брегалница – Победа
Борец – Башкими
Македонија ЃП – Охрид
Арсими – Беласица
Според прикажаното во подготовките, како и активноста на трансфер-пазарот, екипата на Македонија ЃП се смета за главен фаворит за првото место, а веднаш зад неа се и Охрид, Брегалница, Беласица... Првото коло е закажано за на 17 август.