ВМФЛ: Пелистер и Тетекс убедливи, Беса преку Кожуф го презеде врвот (ВИДЕО)

Натпреварите од шестата рунда на Втората македонска фудбалска лига понудија смена на врвот на табелата.

Беса 1976 профитира најмногу и се искачи на првото место победувајќи го Кожуф на домашен терен со 2-0 (1-0). По директната битка и победата на домаќините, сега екипите се израмнети на по 15 бода, меѓутоа Беса има предност поради триумфот кој го донесоа Изаир Емини и Фитон Адеми.

  • Беса 1976 - Кожуф 2-0:

Убедлив беше битолски Пелистер, кој со пресврт го совлада Караорман со 4-1 (2-1). Стружани поведоа на „Петар Милошевски“ по само пет минути игра преку Ивица Ќелешоски. Сепак, до полувремето „зелено-белите“ успеаја да дојдат до пресврт со головите на Симеон Христов во 12. и Благоја Љамчевски од пенал во 38. минута. Во продолжението Караорман остана со десетмина, а пелистерци го искористија тоа. Христов погоди повторно во 56. минута за 3-1, додека конечниот резултат го постави Љамчевски кој вторпат изведе пенал и беше прецизен. 

  • Пелистер - Караорман 4-1:

Изненадување приреди Тетекс, нанесувајќи ѝ го првиот пораз на Детонит Плачковица. „Штофарите“ убедливо, со 4-0 славеа против ривалот од Радовиш во Тетово. Одлична партија имаше големото засилување Марио Станковски кој постигна два погодоци за Тетекс. 

  • Тетекс - Детонит Плачковица 4-0:

Каменица Саса избегна пораз против Башкими (2-2), враќајќи се од два гола негатива. Сами Аљиљи и Бурхан Алији донесоа водство за кумановчани од 2-0, меѓутоа каменичани успеаја да направат кам-бек и освоија бод. 

  • Башкими - Саса 2-2:

Реми одиграа и екипите на Победа и Новаци (1-1). Пелагониското дерби понуди два ефектни погодоци, а на крајот и делба на пленот. 

  • Победа - Новаци 1-1:

Со гол во финишот на натпреварот, Охрид минимално со 1-0 го совлада Скопје. Арсими исто така минимално слави против Вардар Неготино (1-0), додека прв сезонски триумф запиша Осогово, изненадувајќи ја Беласица со 3-1.

  • Охрид - Скопје 1-0:

Беса и Кожуф имаат по 15 бода на врвот, Пелистер се израмни со Детонит Плачковица на по 13.