ВМФЛ: Охрид силен кај Тетекс, Еуромилк впиша првенец со Шкупи (ВИДЕО)

Одиграни се пет од вкупно седум натпревари во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), на која фаворитите на хартија си ја завршија задачата.

ГФК Охрид гостуваше кај Тетекс и забележа висок триумф од 3-0. Убедлив беше и Еуромилк, кој пред својата публика во Лисиче го надигра Шкупи со 4-0. Двоен стрелец беше Анчевски, по еднаш погодија Дамевски и Мифтари.

Детонит Плачковица на домашен терен го доби Осогово со 2-1. Победа забележа и Камјани против Новаци, со доцен гол постигнат во 85. минута. Единствениот натпревар без победник беше дуелот меѓу Кожуф и Беласица, мечот заврши 2-2.

На програмата во рамки на колото на ВМФЛ остануваат уште две средби, тие се играат утре, недела. Пелистер во Новаци ќе го пречека Работнички, додека Брера Струмица игра со Македонија ЃП.