• Иван Димовски
Македонија Ѓорче Петров слави во дербито на 11. коло во Втората македонска фудбалска лига против Брегалница со убедливи 3-0 (1-0). „Лавовите“ на Бобан Грнчаров во целост го надиграа гостинот од Штип и дојдоа до многу важни бодови во битката за врвот.
- Македонија ЃП - Брегалница Штип:
По стартот на средбата без погодоци, резултатот го отвори Дарко Размоски по 38 минути игра и на полувреме Македонија ЃП водеше со 1-0. Во вториот дел за удвојување на позитивата погоди Ѓорѓи Стоилов во 77. минута, а точка на победата стави младиот Софијаноски во 84.
Башкими исто така го искористи поразот на Брегалница, па со убедлив триумф над Осогово од 5-1 се искачи на второто место. Стрелци за кумановчани беа Меметриза и Хусеин по двапати, а еднаш погоди Сулимани, додека за Осогово стрела Даути.
Важна победа забележа Арсими на „Градскиот стадион“ во Гостивар против екипата на Детонит Плачковица (2-1). Поведе домашниот тим уште во шестата минута преку Гафури, а во продолжението Таипи донесе израмнување. Сепак, радоста на Детонит траеше кратко бидејќи домашните преку Шефити ја вратија предноста и дојдоа до три бода.
- Арсими 1973 - Детонит Плачковица 2-1:
Многу ефикасен меч се одигра во Прилеп каде што екипата на Победа славеше против Вардарски со 6-2. Гостите од Богданци имаа предност од два гола, меѓутоа во продолжението домашните на „Гоце Делчев“ израмнија до полувремето. Потоа во второто со уште четири погодоци дојдоа до убедлив триумф.
- Победа - Вардарски 6-2:
Охрид избегна пораз од екипата на Скопје со гол во 95. минута (1-1). Поведоа гостите по половина час игра преку Жоглев, но во последните секунди од мечот охриѓани впишаа бод.
- Охрид - Скопје 1-1:
Вардар Неготино се радуваше на гостувањето кај Борец во Велес (1-2). Поведоа гостите преку Обадиќ во првиот дел, Борец израмни во 87. минута и делуваше дека се извлече, но со голoт на Ники Зумровски во 94. минута неготинчани дојдоа до трите бода.
- Борец Велес - Вардар Неготино 1-2:
Минимален триумф кај новаци забележа екипата на Саса, додека Беласица и Кожув одиграа без голови (0-0).
На врвот на табелата е Македонија ЃП со 26 бода, исто колку што има и Башкими. Брегалница остана на 24, Арсими се приближи со бод помалку, а тука некаде е и Охрид со 20 бода.