ВМФЛ-Исток: Победа капитулира кај Саса, Слога Виница го презеде врвот! (ВИДЕО)

Дербито на двете екипи од врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига - Исток, меѓу Саса и Победа заврши со славје на домаќинот од Македонска Каменица од 3-0 (1-0). Лидерот на табелата капитулираше вторпат оваа сезона, а Саса фати приклучок со водечките. Со овој пораз, прилепчани го препуштија врвот на Слога од Виница. 

  • Саса - Победа 3-0:

Саса даваше голови во двете полувремиња, за победа над големиот ривал за првите две позиции. Иако долго беше изедначено и без погодоци, резултатот го отвори Никола Божинов во 42. минута од средбата. Кога се очекуваше притисок и враќање на Победа, Саса успеа да дојде до втор погодок. Резервистот Ненад Нешовски ја стресе мрежата на гостите за 2-0 во 65. минута и го трасираше патот до победата. До крајот на дуелот мрежата на Победа се тресеше уште еднаш, во 81. минута со погодокот на Дарко Алексовски.

Слога го искористи киксот на екипата од Прилеп, па во Виница со победата над Локомотива Градско од 3-0 (2-0) се врати на врвот во источната група. Иван Митров беше стрелец на еден гол за неговата екипа во првиот дел. Продолжението одново им припадна на домаќините. Слога со уште два гола во завршницата дојде до убедлива победа преку автогол на Иванов и погодок на Крклински (3-0). 

  • Слога Виница - Локомотива Градско 3-0:

Осогово освои три бода во супер-ефикасен натпревар кај Братство Житоше (2-4). Мицевски за гостите од Кочани и Идризи за домаќинот погодуваа во првиот дел. Осогово потоа со головите на Манов и Симевски дојде до предност, а Каришиќ го постави конечниот резултат на крајот. Со погодокот на Зоран Митевски екипата на Беласица успеа да победи на гости кај Кит-Го во Пехчево (0-1), додека пленот го поделија Кожуф и Детонит во Гевгелија (1-1). 

  • Кит Го - Беласица 0-1:

На табелата Слога Виница е лидер со 28 бода, со два повеќе од Победа, додека Саса по оваа рунда има 24 бода.