ВМФЛ-Исток: Кит-Го со „покер“ за Тиквеш, сигурен триумф и на Брегалница (ВИДЕО)

Штипска Брегалница продолжи со добрите игри и не го дава врвот во Втората лига - Исток. Избраниците на Марјан Секуловски победија кај Осогово (1-3) и дополнително се одлепија на првата позиција поради кикс на конкурентот.

Брегалница до трите бода дојде со пресврт-победа. Домаќинот во Кочани поведе прв преку Александар Неданоски во 19. минутач. Битолчанецот побегна во контра напад и со одлична завршница го отвори резултатот. Сепак, потоа на сцена стапија Кристијан Ацковски, Ристе Наумов и Љупче Кудев, кои трипати стрелаа до крајот на првиот дел и ја осигураа победата. Головите беа плод на прекрасни тимски акции на штипјани.

  • Осогово - Брегалница Штип 1-3:

А, триумфот на Брегалница дополнително добива на тежина по убедливата победа на Кит-Го на гости кај Тиквеш (1-4). Домаќинот потфрли на терен и доживеа шок. Бошко Ступиќ реализира за гостинот од Пехчево, а по еднаш погодија Владимир Дујовски и Дарко Алексовски, додека единствениот гол за Тиквеш беше автогол на Ступиќ.

Каменица Саса на домашен терен го декласира Росоман (5-0), додека мечот Плачковица - Победа, како и Кожуф - Слога заврши без голови. 

Брегалница е лидер со 35 бода, сега дури пет повеќе од второпласираниот тим на Тиквеш. Следуваат Кожув со 19 и Слога Виница со 17 поени.