ВМФЛ-Исток: Брегалница немилосрдна кон Росоман, рутинска победа и за лидерот Тиквеш (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брегалница продолжуваат со одличните игри во Втората македонска фудбалска лига – Исток и денес беа немилордни кон новиот второлигаш Росоман. Штипјани беа големи фаворити на овој дуел, но можеби никој не очекуваше дека ќе извојуваат така убедлива победа со шест постигнати голови во противничката мрежа. 

Момците на Илиевски уште во раната фаза ги решија сите дилеми околу победникот на овој натпревар, затоа што по само десет минути игра имаа висока предност од 3-0. Гостинската мрежа прв ја затресе Андреј Кудијан во 5. минута, а веќе во следниот напад истиот фудбалер зголеми на 2-0. Росоман само што тргна од центарот направи нов кикс и Стојанов се потруди за огромни 3-0. До крајот на првиот дел Кудијан погоди уште еднаш и одличната партија на круниса со хет-трик, додека во листата на стрелците се запиша и Кудев. За гостите пак единствениот гол го постигна Андонов во 34. минута.  

Со цел да ги сочува силите Илиевски вториот дел го започна со три замени, па темпото на играта значително опадна, но домаќините реализираа уште еднаш, откако конечните 6-1 ги постави Кудев во 85. минута. 

  • Брегалница Штип - Росоман 6-1:

До сигурна победа попладнево стигна и вториот фаворит во источната група, Тиквеш. Поранешниот редовен прволигаш на свој терен одигра онолку колку што беше потребно за нови три бода и со три гола во мрежата на Саса ја запиша својата седма победа во новата сезона. Tворец на победата на кавадарчани беше Симеон Христов со два гола за само шест минути во првиот дел (31. и 37. минута) и еден во 78. минута.

  • Тиквеш - Саса 3-0

Со головите на Иванов и Бујчевски во вториот дел сигурна победа извојува и Слога над прилепска Победа (2-0). За тимот од Виница денешниот успех беше прв по пауза од пет кола, а вкупно трети сезонава.

  • Слога Виница - Победа 2-0: 

Во дербито во Кочани, Осогово и Плачковица одиграа борбен натпревар, со многу шанси, но без победник. Драган Паунов уште во 10. минута донесе водство за домаќините од 1-0, но пред крајот на првиот дел Ристов ги постави конечните 1-1. 

  • Осогово - Плачковица 1-1:

Во Гевгелија пак Кожув успеаја да ја оправда улогата на фаворит и со минимални 2-1 славеше над Кит-Го Пехчево, кој им се врати на неуспасите и го запиша четвртиот овосезонски пораз.