• Иван Димовски

Сите четири водечки екипи во Втората македонска фудбалска лига забележаа победи во вонредното 19. коло.
Македонија Ѓорче Петров беше убедива против екипата на Новаци и на свој терен славеше со 4-0 (2-0). Стрелци за „лавовите“ во првиот дел беа Крсте Велкоски и Кире Маркоски. Потоа во продолжението течеше 65. минута кога Симеон Христов донесе трет гол, а завршниот удар го зададе Маркоски за конечни 4-0.
- Македонија ЃП - Новаци 4-0:
Башкими со пресврт се радува на гостувањето кај Беласица во Струмица со 1-2 (0-0). Поведе домашната екипа на стартот на вториот дел со погодокот на Александар Коцев, меѓутоа потоа Хебиб Саити и Филип Алексовски донесоа пресврт и нови три бода за кумановчани.
- Беласица - Башкими 1-2:
Рутинска победа забележа Брегалница против Вардарски од 2-0 (1-0). Штипјани поведоа во финишот на првиот дел со голот на Калпачки, а пред финишот предноста ја удвои Стојан Поповски.
- Брегалница - Вардарски 2-0:
Екипата на Арсими минимално триумфира против Победа со 1-0. Единствениот гол на оваа средба падна во 58. минута преку Аљбин Рамадани.
- Арсими - Победа 1-0:
Петтопласираната Саса загуби на гостувањето во Велес кај Борец (2-1). Гостите во Велес поведоа по осум минути игра со голот на Мартин Димовски. Потоа домаќинот со головите на Флорент Османи во 43. и 63. минута стигнаа до пресврт и три бода.
- Борец - Саса 2-1:
Изненадувачка гостинска победа забележа Осогово кај Детонит Плачковица од 0-1, а победоносниот гол го постигна Владимир Жоглев.
- Детонит Плачковица - Осогово 0-1:
На останатите терени Скопје триумфира во Гевгелија кај Кожуф (0-1), а Охрид со голот на Бојан Зантуроски го совлада Вардар Неготино (1-0).
- Охрид - Вардар Неготино 1-0:
На табелата водечка е Македонија Ѓорче Петров со 44 бода, пред Башкими со 42, а Брегалница има 40. Арсими сега стекна предност и со 36 бода е на „плус пет“ во однос на Саса и Охрид. На дното на табелата закован е Вардарски со пет бода, Борец е 15. со десет, а Осогово е на местото кое води во баражот со 13. Први „над цртата“ се Вардар Неготино и Новаци со по 20 бода.