• Иван Димовски

Фудбалерите на Брегалница го одбранија врвот во Втората македонска фудбалска лига, откако ја победија Слога Виница со сигурни 4-1 (2-1). Резултатот на „Градскиот стадион“ во Штип го отвори Дино Михолов, а израмнување за гостите донесе Давид Спасов. Сепак, пред паузата Аљбан Мемеди ја врати предноста на домашните. Во вториот дел победата ја потврдија Стефан Костов и Бранимир Иванов.
- Брегалница - Слога Виница 4-1:
Второпласираниот Охрид славеше на гостувањето кај Тетекс во Тетово со 1-2. Тимот од крај езерото поведе со голот на Иван Глигоров во првиот дел, а потоа на стартот на продолжението стрела и Ерен Парталко. Поразот за „штофарите“ го ублажи Али Хисар во 79. минута.
- Тетекс - Охрид 1-2:
Скопје славеше на гостувањето кај Преспа (0-2), иако аутсајдерот парираше цело прво полувреме. За „пиратите“ во продолжението победата ја донесоа Виктор Ангелов и Мердиан Рамадани со два брзи гола во 55. и 59. минута.
- Преспа - Скопје 0-2:
Тешко извојувана победа забележа Шкендија Арачиново и одржа чекор со останатите водечки, откако славеше минимално кај Кожуф (0-1). Мечот во Гевгелија немаше голови до 84. минута, а тогаш Фикрет Ливарека го постигна победоносниот за гостите.
- Кожуф - Шкендија Арачиново 0-1:
Екипата на Беласица сигурно славеше на гостувањето кај Вардар Неготино со 1-4.
- Вардар Неготино - Беласица 1-4:
Најубедлива победа во оваа рунда забележа Осогово на гостувањето кај Победа во Прилеп со огромни 1-8.
- Победа - Осогово 1-8:
Без победник заврши натпреварот меѓу екипите на Новаци и Детонит Плачковица (1-1).
- Новаци - Детонит Плачковица 1-1:
Минимален триумф забележа екипата на Саса во Македонска Каменица против последнопласираниот тим на Големо Коњари (1-0).
- Саса - Големо Коњари 1-0:
На табелата Брегалница е лидер со 61 бод, додека Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново имаат по 59. Зад водечката четворка се наоѓа Беласица со 52, па следуваат Осогово (50), Детонит (45) и Новаци (44). На позициите кои водат во баражот за опстанок се Кожуф (36), Тетекс (33) и Саса (32), додека веќе испаднаа Вардар Неготино, Преспа, Слога Виница, Победа и Големо Коњари.

