ВМФЛ: Брегалница „гази“ кон ПМФЛ по сопките за Шкендија и Охрид! (ВИДЕО)

Екипата на Брегалница Штип е „победник“ на колото во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), затоа што сините си ја завршија задачата и ги искористија киксовите на конкурентите.

  • Брегалница Штип - Големо Коњари 6-1:

Брегалница како домаќин во Штип славеше над Големо Коњари, очекувано со високи 6-1. Резултатот се слави на големо во градот под Исарот, затоа што со овој резултат тимот на Влатко Костов стана осамен лидер на табелата. Стрелци за штипјани на средбата на Градскиот стадион беа Михолов кој погоди двапати, а по еднаш реализираа Капсаров, Калпачки, Мемеди и Бојаџиев.

  • ГФК Осогово - Шкендија Арачиново 1-1:

Причина за тоа се киксовите на конкурентите. Шкендија Арачиново гостуваше во Кочани кај ГФК Осогово, а натпреварот заврши 1-1. Гостите имаа шанси и предност со голот на Арсим Љамалари, но во 90. минута по една контра останаа без целиот плен која ја реализира Филип Јованов.

  • Саса - ГФК Охрид 1-1:

Киксна и есенскиот првак ГФК Охрид, кој на гостувањето кај Саса во Македонска Каменица одигра само 1-1. Домаќинот поведе во 54. минута со голот на Мухамед Бехир, а рибарите се спасија од пораз преку Наумче Бакрачески во 70. минута.

  • Новаци - Скопје 0-1:

Од ситуацијата профитира и Скопје, кој со победата кај Новаци од минимални 1-0 се израмни со два конкуренти. Единствен стрелец за „пиратите“ на оваа средба беше најдобриот стрелец Виктор Ангелов.

Ситуацијата на табелата на врвот е следната. Брегалница е лидер со 55 бода, пред ГФК Охрид, Шкендија Арачиново и Скопје, сите имаат по 53 освоени бода.

  • Кожуф - Слога Виница 5-2:

Кожуф кој е во зоната за бараж на домашен терен беше убедлив со Слога Виница (5-2).

  • Победа - Беласица 0-5:

Три бода освои и струмичка Беласица во дуелот на некогашните прволигаши против Победа, која во Прилеп ја совлада со 5-0. Стрелец на хет-трик на овој натпревар беше Ерион Шуку, а двапати реализира Бујар Иљази.

  • Тетекс - Преспа Ресен 2-0:

Тетекс во Тетово очекувано беше подобар од Преспа со 2-0.

  • Вардар Неготино - Детонит Плачковица 0-3:

Три бода освои и Детонит Плачковица на гостувањето кај Вардар Неготино (3-0).