• Иван Димовски

Фудбалерите на Брегалница Штип го освоија трофејот во Втората македонска фудбалска лига и се врати директно во елитата, откако во последното коло славеше со убедливи 7-0 против Победа. По ремито против Шкендија Арачиново во минатото коло, штипјани ја исполнија целта против аутсајдерот и го завери првото место на табелата. До победата Брегалница стигна со головите на Костов, Михолов, Наумоски, Капсаров, Талески, Постолов и Димоски.
- Брегалница Штип - Победа 7-0:
Второто место исто така со убедлива победа го завери Скопје добивајќи го дуелот со Детонит Плачковица со сигурни 5-1 (3-0). Водеа „пиратите“ уште по првиот дел сигурно со головите на Ангелов, Папули и Стојановски. Гостинот од Радовиш намали со автоголот на Папули, но до крајот стрелаа Славков и вторпат Ангелов за висока победа.
- Скопје - Детонит Плачковица 5-1:
Шкендија Арачиново ќе игра историски бараж за ПМФЛ, бидејќи славеше со 2-4 на гостувањето кај Саса во Македонска Каменица. Домаќинот отвори добро и со голот на Николовски водеше со 1-0 на паузата. Веднаш на стартот на вториот дел со погодоците на Владимир Жоглев и двата на Зани Назифи гостите направија пресврт. До крајот погодија уште Нухија за 1-4 и Ефремов за поставување на конечниот резултат.
- Саса - Шкендија Арачиново 2-4:
Со „празни“ раце остана екипата на Охрид, иако ја декласира Слога Виница со 7-1. Во првиот дел охриѓани поведоа преку Дмитриевски, но гостинот на „Билјанини извори“ се врати до егал преку Спасов и на одмор се замина со 1-1. Сепак, во продолжението квалитетот исплива на површина и домашните сигурно победија со головите на Парталко, Затуроски, и четири на Абдулхади Јахја.
Фудбалерите на Беласица се радуваа за крај на сезоната на гостувањето кај Преспа со 1-3. Водство од пенал донесе Милушев, а потоа за струмичани погодија Дончев и Делов. Пред крајот Лабачевски го ублажи поразот.
Израмнето беше во дуелот на шесто и седмопласираниот тим во ВМФЛ, бидејќи Новаци и Осогово одиграа 3-3. Со два брзи гола од кои еден од пенал на Јовановски домашните поведоа со 2-0, а до паузата Симоски намали на 2-1 и во продолжението израмни. Поведе Осогово преку Димоски, меѓутоа Петар Љамчевски го постави конечниот резултат во 74. минута.
Кожуф и Тетекс се загреаја за баражот со убедливи победи. Тимот од Гевгелија славеше на гостувањето кај Вардар Неготино со 0-5. Од друга страна „штофарите“ дома беа многу подобри од Големо Коњари и го победија со 7-2.

