• Мартин Танасковски
Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) има нов лидер по одигрувањето на десеттото коло, тоа е штипска Брегалница, која одигра убедлив меч на домашен терен и го искористи киксот на главниот ривал.
- Брегалница - Борец 4-0:
Штипските „сини“ пред својата публика очекувано го совладаа Борец. Брегалница ги победи велешани со 4-0 и така го презеде врвот на табелата. Стрелци на головите беа Рејан Абази кој погоди двапати, како и Димитриј Димитриевски и Кристијан Јордановски кој си даде автогол. Македонија ЃП е втора затоа што одигра реми без голови кај Детонит Јуниор (0-0).
Киксот на „лавовите“ го искористи и Башкими кој со убедлива победа на гостувањето кај Вардарски (0-3) се израмни со ѓорчепетровци на табелата - двете екипи имаат по 23 бода. Арсими во дуелот на колото не успеа да дојде до победа кај Кожуф, мечот заврши со резултат 1-1. Во мечот без победник погодија Никола Најдовски за Кожуф, односно Шефит Шефити за Арсими.
- Вардар Неготино - Новаци 3-1:
Вардар Неготино дома со сигурни 3-1 славеше над Новаци, благодарение на расположените Петар Најдов, Кирил Неделков и Мартин Младеновиќ кои стрелаа за неготинци. Единствениот гол за Новаци го даде Благој Стојчев.
- Осогово - Охрид 0-2:
Три бода освои и ГФК Охрид против ГФК Осогово (2-0). Шестата победа по ред „рибарите“ ја забележаа со головите на Оливер Дишлиевски и Ерен Парталко. Триумфира и Беласица, со два гола на гостувањето кај Скопје (0-2) со головите на Костадин Капсаров и Кире Стојанов.
- Скопје - Беласица 0-2:
Саса пред својата публика беше убедлива со прилепска Победа со 4-1. За каменичани стрелаа Андреј Симевски двапати, како и Дамјан Ќосески и Махир Ајрули, додека за Победа единствениот гол го даде Никола Талески.
Лидерот на табелата Брегалница има 24 бода, пред Македонија ЃП и Башкими со по 23 бода. Следи Арсими со 20 бода, па ГФК Охрид со 19 бода.