ВМФЛ: Беса и Пелистер сигурни дома, Арсими слави во дербито со Детонит (ВИДЕО)

Фудбалерите на Беса се вратија на победите во Втората македонска лига, откако на свој терен го совладаа Новаци со 2-0 (1-0). Лидерот кај второлигашите ја одржа предноста на челната позиција, откако со по еден гол во двете полувремиња му пресуди на гостинот. Резултатот го отвори Албан Таипи веќе во првата минута од средбата, додека во самиот финиш водството го удвои Изаир Емини

  • Беса 1976 - Новаци 2-0:

Второпласираниот Пелистер во вториот дел ја скрши Каменица Саса и слави со 2-0 (0-0). Благоја Љамчевски донесе предност за битолчани во 59. минута со погодок директно од слободен удар, додека Михаил Талевски во 83. го постави конечниот резултат. 

Голема победа запиша Арсими кој со пресврт слави против Детонит Плачковица со 2-1 (1-1). Гостинот од Радовиш успеа да поведе во 23. минута со голот на Аљбан Мемеди, додека непосредно пред паузата израмни Арѓент Гафури. Конечниот резултат беше поставен во вториот дел со гол од пенал. 

  • Арсими - Детонит Плачковица 2-1:

Тетекс дома загуби од Беласица, иако водеше (1-2). Марко Софијаноски донесе предност за „штофарите“, додека Сулев Стефан стрела за израмнување. Со гол во финишот струмичани успеаја да дојдат до трите бода против тимот од Тетово. 

  • Тетекс - Беласица 1-2:

Екипата на Башкими го одбрани домашниот терен и го совлада Осогово со 2-1, додека домашен триумф запиша и Охрид против Победа (1-0).

  • Башкими - Осогово 2-1:

Вардар Неготино го совлада Караорман (2-0) со погодоците на Османи и Нејковски, а Скопје и Кожуф одиграа без голови (0-0). 

  • Охрид - Победа 1-0:

Беса е лидер на табелата со 47 бода, Пелистер го следи со 42, а Детонит е на местото кое води во бараж со 38. Сепак, сега во трката се вклучува и Арсими кој има 32.