• Мартин Танасковски


Холандија и Норвешка имаат одлични односи - на пример, холандската кралска двојка минатата недела го посети својот норвешки колега по круна Харалд Петти и неговата сопруга Соња. Меѓутоа, нивните фудбалски репрезентации нема да бидат љубезни едни кон други поради киксовите во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство во Катар.
„Лалињата“ прокоцкаа 2-0 во Подгорица во последните десет минути од мечот, додека „лавовите“ уште повеќе се збркаа, играјќи без голови со Летонија во Осло и сега им треба победа за да се најдат на едно од првите две места бидејќи имаат исто бодови со Турција, која гостува во Црна Гора и има подобра гол разлика (еден гол), додека на Холандија за да заврши прва ѝ е потребно само реми.
>>> Сите квоти на мечот Холандија - Норвешка во MOZZART
Така, домашната селекција е во нешто поудобна позиција, но има два значителни хендикепи. Точно, повредата на бутниот мускул на Стефан де Фрај, која стоперот на Интер ја заработи кон крајот од натпреварот во Црна Гора, не е нерешлив проблем бидејќи наместо искусниот дефанзивец, капитенот Вирџил ван Дајк ќе го придружува Матијас де Лихт од Јувентус. Поголемата мака е што на „Де Кујп“ нема да има публика поради одлуката на холандската влада да ги заостри мерките против ширењето на вирусот ковид-19, што наиде на големо незадоволство од тамошната фудбалска федерација.
>>> Сите квоти во квалификациите за СП 2022 во MOZZART
Но, ни на гостите „не им цветаат рози“. Најдобриот играч и стрелец Ерлинг Холанд поради проблеми со колкот ќе биде надвор од терените најмалку до крајот на годината, а неговото отсуство и тоа како се чувствуваше против Летонците. Инаку, Норвежаните имаат помалку врвни поединци од Холанѓаните, но тие се принудени да одат на сè или ништо.