Влезниците за финалето на ЛШ на „црниот пазар“ достигнаа неразумно високи цени

ЛШ трофеј

Финалисти во овогодишното издание на Лигата на шампионите ќе бидат англиските прволигаши Ливерпул и Тотенхем.

Натпреварот кој ќе го даде наследникот на Реал Мадрид ќе се одигра на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“.

УЕФА се обидува на секој начин да спречи продажба на влезници за овој меч на „црниот пазар“, но се чини фановите повторно наоѓаат начин да стигнат до екстра заработка. 

На Интернет се појавија првите билети кои се продаваат по неразумни цени. Најскапите од нив достигнаа неверојатни 35.000 фунти. 

Надлежните органи предупредуваат дека навивачите откриени со истрагата ќе добијат високи казни кои можеби ќе важат и за нивните домашни првенства.