• Мартин Танасковски
Бојан Миовски влезе од клупата во самиот финиш на шкотското „Олд Фирм“ дерби, а направи потег кој ги остави во чудење коментаторите на натпреварот и актерите на теренот.
Штипјанецот се најде на терен во екстра-времето, а по само неколку секунди во игра остро стартуваше над ривал од Селтик и доби жолт картон.
Оваа санкција е најбрза сезонава во Премиер лигата во Шкотска. Фановите на „полицајците“, сепак, го поздравија со овации, знаејќи го големиот ривалитет на двата клуба од Глазгов.




