Влазнија го претстави Мирсад Јонуз за свој нов предводник

Мирсад Јонуз денес го стави на хартија усниот договор со албанскиот суперлигаш Влазнија од Скадар. Поранешниот селектор официјално е претставен како нов предводник на клубот и за едно со гнералниот менаџер на Влазнија, Суад Лици го обелоденија договорот пред медиумите.

Еден од нашите најискусни фудбалски стручњаци почнува ново поглавје и ќе се обиде да ја вивне Влазнија во врвот на силната албанска Суперлига. Пред да го прифати овој предизвик, 57-годишниот Јонуз работеше во Грција и на Кипар, а шест години беше селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година и уште две предводник на сениорскиот национален тим.

Влазнија е нов суперлигаш, игра на стадион од 16.000 гледачи и ростерот е главно сочинуван од млади албански фудбалери, засилени со интернационалци од Бразил и Романија.