• Мартин Танасковски
Албанскиот суперлигаш Влазнија повторно влегува во трка за потписот на Агим Ибраими кој е слободен по разделбата со Динамо Тирана.
33-годишниот тетовчанец си замина од Тирана по крајот на сезоната и бара нова средина, а повторно се поврзува со Влазнија која бара нова „десетка“ во екипата. Минатата година Агим се поврзуваше со овој колектив, но не потпиша.
Медиумите од Албанија велат дека двете страни веќе имале првични разговори за трансфер на Ибраими во клубот. Тренерот Мирел Јоса одлично го познава Ибраими затоа што двајцата соработуваа претходно.
Влазнија ќе игра во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА и токму затоа потребен е искусен офанзивец како Ибраими.