Влатко Стојановски ја напушта Франција и се враќа во Хрватска!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски си заминува од Франција. Дојде со големи очекувања од Ренова, но не ја доби вистинската шанса, па следи трансфер во Хрватска каде ќе ги брани боите на Горица.

Нов клуб на Влатко Стојановски ќе биде еден од најстабилните клубови во ХНЛ-лигата вов моментов, екипата на Горица. Како што пишуваат „Спортске новости“, Стојановски уште од претходно требало да го засили хрватскиот тим, ама целата процедура се изјаловила поради раскинот на договорот со Ним.

Стојановски, кој има 24 години, замина во Ним во 2019 година од редовите на Ренова, а играше и за Шамбли. Претходно, тој настапуваше на терените во Хрватска во редовите на Дугопоље, РНК Сплит и Неретванац, а беше член и на македонски Металург.

Напаѓачот има и девет натпревари за сениорскиот тим на Македонија и два постигнати гола. Горица е дел од најквалитетната хрватска фудбалска лига.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.