ВИДЕО: Влатко Стојановски ѝ донесе победа на Горица!

Македонскиот фудбалер Влатко Стојановски доби шанса во тимот на Горица од првата минута и максимално ја искористи, со гол за победа против Шибеник (0-1).

На гостувањето македонскиот напаѓач успеа да погоди во 40. минута откако најдобро се снајде во шеснаесетникот по една мешаница, откако налета на топка од Калик.

  • Голот на Влатко Стојановски против Шибеник:

Горица со овој триумф скокна на петтата позиција во ХНЛ-лигата.