Влатко Костов парафира двегодишен договор со Тиквеш

Од денес, Влатко Костов и официјално е нов тренер на Тиквеш од Кавадарци. Стратегот потпиша договор со македонскиот прволигаш и ќе може да го води во следните предизвици.

Стартот на повратникот во лигата не одеше според планот и дојде до тренерска смена. Пане Блажевски си замина од кормилото на Тиквеш, а на негово место пристигнува Влатко Костов, човекот кој последен пат ја водеше Ренова.

Во клупските простории, Костов и Тиквеш потпишаа двегодишен договор и тој ќе може да дебитира на клупата во следната рунда. Од Костов се очекуваат подобри резултати, а тренерот верува во екипата и шансите за опстанок во елитата.

Тиквеш е последен во ПМФЛ и по седум кола нема ниту една победа.