Влатко Дробаров на мета на босански Сараево

Македонскиот фудбалер Влатко Дробаров се споменува како потенцијално засилување на босанскиот прволигаш Сараево.

Клубот во кој игра Крсте Велкоски и Даниел Аврамовски, може да добие уште еден Македонец. 29-годишниот стопер раскина со бугарскиот тим Черно Море и во Босна и Херцеговина би пристигнал како слободен играч.

Дробаров, кој има 29 години, во Македонија играше за Вардар, Скопје, Напредок, Тетекс и Беласица, а има и интернационални искуства во Мексико, Ерменија, Кипар, Саудиска Арабија и Индија.

Стоперот за Черно Море одигра 32 натпревари и даде еден гол во последната сезона.