Влатко Дробаров една година во одбраната на Сараево

Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина каде ќе го носи дресот на Сараево.

Клубот во кој игра Даниел Аврамовски, доби уште еден Македонец. 29-годишниот стопер раскина со бугарскиот тим Черно Море и во Босна и Херцеговина пристигна како слободен играч. Сараево и Дробаров потпишаа едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една.

Дробаров, кој има 29 години, во Македонија играше за Вардар, Скопје, Напредок, Тетекс и Беласица, а има и интернационални искуства во Мексико, Ерменија, Кипар, Саудиска Арабија и Индија.

Стоперот за Черно Море одигра 32 натпревари и даде еден гол во последната сезона.