• Горан Упале
Публиката на стадионот во Лече сè уште не седнала на своите места, а Јувентус веќе поведе. Српскиот ас Душан Влаховиќ ја погоди противничката мрежа по само ЕДИНАЕСЕТ секунди игра, практично од соблекувалната.
Само што гостинските фудбалери тргнаа од центарот, Камбиасо го проигра Влаховиќ, кој, меѓу неколку играчи на Лече, успеа да шутира од седум метри и да ја смести топката во мрежата.
Ова е втор гол по ред за српскиот ас. Претходно, беше стрелец во дуелот со Верона од слободен удар за 1-1.


