ВИДЕО: Влаховиќ одигра симултанка, Фиорентина убедлива кај Беневенто

Fiorentina

Фиорентина му зададе удар на директниот конкурент за опстанок Беневенто (1-4) во 27. коло од Серија А.

Гостите од Фиренца се одлепија од местата кои носат понизок ранг со одличен настап на гостувањето на „Чиро Вигорито“.

Фантастично полувреме имаше српскиот интернационалец Душан Влаховиќ. За само 45 минути постигна три гола и го одлучи прашањето на победникот. Отвори уште во осмата минута, а потоа се погрижи да го наполни домашниот гол со уште две реализации. Особено се истакна во надополнувањето, кога на одличен начин насамари неколку противници и погоди од далечина.

На стартот од вториот дел Јонита донесе трошка надеж за домаќинот. Но, сето тоа заврши кога Рибери му асистираше на Ејсерик за конечни 1-4.

Беневенто долго не знае за победа и ако продолжи така, ќе има проблеми да го сочува прволигашкиот статус и наредната сезона.