• Саше Љолес

Италијанските медиуми објавија дека Србинот Душан Влаховиќ одбил понуда да биде дел од размена на напаѓачи помеѓу Јувентус и Наполи.
Имено, според информациите од неколку извори, Јуве и Наполи се обиделе да се договорат за „трампа“ на Виктор Осимен и Душан Влаховиќ, но српскиот напаѓач ја отфрлил оваа можност затоа што не се гледа себеси во 3-5-2 системот на Антонио Конте.
Јуве бил подготвен и да доплати сума од петнаесетина милиони евра, но Влаховиќ категорично ја одбил оваа идеја и рекол дека нема намера да замине кај актуелниот италијански шампион.
Исто така, голема улога играла и нетрпеливоста меѓу навивачите на двата клуба, а Влаховиќ смета дека со ваков трансфер не би имал топло добредојде во Неапол, а истовремено би создал и многу непријатели во Торино.