Влаховиќ не е најдобар млад фудбалер во Серија А, наградата заврши кај соиграч на Елмас

На едно коло пред крајот, Серија А објави дека фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е добитник на престижната награда за најдобар млад фудбалер за сезоната 2021/22.

Душан Влаховиќ блесна во овогодинешното издание на Серија А, најпрвин во дресот на Фиорентина, а потоа во Јувентус каде продолжи со одличните партии, постигнувајќи вкупно 24 гола.

Но, ниту тоа не беше доволно да ја добие оваа награда, која заврши во рацете на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Нигериецот беше еден од најдобрите играчи на тимот од градот во подножјето на Везув, со четиринаесет гола.

Осимен во Наполи пристигна од редовите на Лил, кој за овој трансфер доби сума од 75 милиони евра. Младиот напаѓач е на мета на бројни европски великани, а најконкретен е Манчестер Јунајтед, кој наводно е подготвен да плати сто милиони евра.