Влаховиќ му врати на Ди Канио: „Да те слушнам сега, ти само продолжи да зборуваш“

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ постигна гол на дербито меѓу Јувентус и Интер, а потоа веднаш погледна во камерата и гестикулираше некому да продолжи да зборува. „Да те слушнам сега, ти само продолжи да зборуваш!“, како да сакаше да каже Србинот кога го стави прстот на увото и погледна во камерата. 

На кого мислеше? Дефинитивно на Паоло си Канио. Поранешната ѕвезда на Премиер лигата и миленик на навивачите на Лацио неодамна остро го нападна Влаховиќ. 

Тој отиде дотаму што го навреди српскиот интернационалец со порака дека „Влаховиќ не е доволно интелигентен и дека тој самиот е виновен за лошата форма“.

<<< ПОВРЗАНО - Ди Канио за најдобриот српски фудбалер: Тој нема фудбалска интелигенција

Поминаа неколку дена, а Влаховиќ на најдобар начин му одговори на Италијанецот во најголемиот натпревар оваа есен, на дербито меѓу првиот и вториот тим на табелата. Србинот постигна прекрасен погодок на асистенција на Федерико Киеза, за водство на Јуве во Торино.

Состави

Тиаго Мота

3-5-2

    Симоне Инзаги

    3-5-2