• Саше Љолес
Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ беше еден од најзаслужните за триумфот на Јувентус во Купот на Италија, а по натпреварот изјави дека е пресреќен за освоениот трофеј, но испрати порака и до неговиот сонародник, Никола Јокиќ.
Напаѓачот на „старата дама“ изјави рече дека силно посакува „Џокерот“ да триумфира во полуфиналната серија со Минесота и изрази огромна поддршка за НБА ѕвездата.
„Би сакал да испратам порака и до Никола Јокиќ. Искрено се надевам дека Денвер ќе победи во шестиот натпревар и ќе обезбеди пласман во финалето, каде ќе се сретне со Далас или Оклахома“, изјави Влаховиќ.
Јувентус го освои Купот по минималниот триумф над Аталанта во вториот натпревар (0-1) и со трофеј ја заокружи сезоната во Серија А, додека Никола Јокиќ пред себе има уште еден тежок натпревар против Минесота, но Денвер покажа дека уште има шампионски калибар и се очекува огромна битка на шестиот натпревар.