ВИДЕО: Влаховиќ и Шкрињар за малку ќе се степаа, а потоа Србнот го „запали“ Истанбул!

Големото дерби на Истанбул донесе и искри меѓу две поранешни ѕвезди од Серија А. Душан Влаховиќ и Милан Шкрињар влегоа во вербален конфликт, по што ситуацијата ескалираше, па Влаховиќ заврши на тревата, а двајцата добија жолти картони.

На теренот, пак, Бешикташ го совлада Фенербахче со 1-2. Домашните поведоа токму преку Шкрињар во 26. минута, но Бешикташ израмни со голот на Ридван Јилмаз во 38. минута. А потоа на сцена стапи токму Влаховиќ. Српскиот напаѓач во 73. минута погоди за целосен пресврт и голема победа на Бешикташ во истанбулското дерби. 

За Влаховиќ ова беше прв гол во големото дерби по пристигнувањето во Бешикташ, откако претходно блесна со хет-трик против Чорум.