Влаховиќ е незадоволен од малата минутажа и сака да замине од Јуве

Неколку италијански медиуми пишуваат дека незадоволството на Душан Влаховиќ во таборот на Јувентус постојано расте, а ситуацијата кулминирала после вчерашниот меч во Лигата на шампионите против Виљареал. 

Според неколку извори, српскиот репрезентативец му замерил на тренерот Игор Тудор за малата минутажа (одигра само пет минути), но ситуацијата не излегла надвор од контрола и завршила со џентлменски разговор. 

И покрај тоа, силно се шпекулира дека Влаховиќ е незадоволен што почесто ја „грее“ клупата на Јуве, па затоа се зголемуваат гласините дека е близу до напуштање на торинскиот гигант. 

Србинот досега постигна пет голови во сите конкуренции, иако најчесто не е во почетниот состав на „бјанконерите“. Јувентус сакаше и летово да се ослободи од неговите услуги, но не пронајде клуб кој би можел да ја „покрие“ неговата голема плата. 

Најнови вести од
УЕФА Лига на шампиони