Влахо: Лошата реализација ни донесе пораз од Струга

Екипата на Работнички со неуспех ја стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на гости кај Струга Трум Љум беше поразена со 2-1.

„Романтичарите“ можеби не разочараа со одиграната партија, но потфрли во реализацијата, а тоа новајлијата соодветно го казни. На Александар Влахо и на фудбалерите им останува да анализираат и да ги корегираат грешките за натпреварот во следното коло.

„Никој не посакува пораз на стартот. Резултатски секако не можеме да бидеме задоволни. Но, играта беше на задоволително ниво, создадовме неколку одлични шанси, единствено потфрливме во реализацијата. Моравме да бидеме поефикасни, создадовме 6-7 убави можности пред противничкиот гол. Честитки за тимот на Струга Трим Љум за триумфот, ние останува да ја подобриме реализацијата, а верувам дека ќе биде многу поинаку веќе на следниот натпревар кога ќе го имаме на располагање и новото засилување Станиша Крстевски. Се надевам дека до крајот на преодниот рок ќе доведеме уште едно или две засилувања и Работнички ќе игра значајна улога во шампионатот“, вели шефот на стручниот штаб на дебармаалци, Александар Влахо.

Во второто коло на ПМФЛ, Работнички ќе се сретне со големиот должник Шкупи, в недела со почеток од 17:00 часот. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15