Влахо: Фудбалерите ја подобрија реализацијата и тоа ни ја донесе победата

По почетниот пораз во новата сезона во ПМФЛ, екипата на Работнички одговори со подобро издание во второто коло. На домашен терен го совлада Шкупи и без примен погодок запиша три бода.

Првиот тренер Александар Влахо е задоволен од одиграното и по мечот ги најави следните предизвици за него и неговите фудбалери.

„Задоволен сум и од играта и од резултатот. Честитки за фудбалерите, ги исполнија во целост тактичките задачи кои ги договоривме пред дуелот со Шкупи. Победивме квалитетен тим, а значително на овој меч ја подобривме реализацијата, она што ни недостигаше на премиерата против Струга Трим Љум.

Сега не очекува нова обврска, куп – натпревар против Велазерими в среда и веднаш се фокусираме на следниот предизвик. Верувам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри“ , вели предводникот на „романтичарите“.

Работнички моментално е на делба на четвртото место на табелата со три освоени бода.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 1 7 5 1 1 11:3 8 16
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 6 4 2 0 7:1 6 14
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 7 3 2 2 10:7 3 11
4 ШкендијаШкендија 2 7 3 1 3 8:4 4 10
5 РеноваРенова 2 7 3 1 3 6:8 -2 10
6 ШкупиШкупи 2 6 2 2 2 7:7 0 8
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 7 2 2 3 6:10 -4 8
8 РаботничкиРаботнички 1 7 2 1 4 6:10 -4 7
9 СилексСилекс 1 7 2 0 5 8:11 -3 6
10 БорецБорец 7 1 2 4 3:11 -8 5