Владата ќе го помага и промовира првиот историски настап на фудбалската репрезентација на ЕП

Владата на вчерашната седница донесе одлука за формирање координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство кое ќе се реализира во текот на летото.

Истото треба помогне во организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на континеталниот собир. Овој историски настан е идеална шанса за промоција на нашата земја на големата спортска сцена.

Се очекува дел од македонските фанови да на трибините во Романија и Холандија, бидејќи организаторот дозволи најмалку 25% присуство на публика на трибините. 

Македонија е дел од групата Ц заедно  со Украина, Австрија и Холандија. Натпреварите ќе ги играме во Букурешт и во Амстердам, а прв противник ќе ни бидат Австријците на 13 јуни.