Владата е во преговори со Премиер лигата, фудбалот се враќа на Островот

Англиската Влада соопшти дека разговара со Премиер лигата околу враќањето на фудбалот на „зелените терени“ што е можно поскоро.

Фудбалот на Островот е во прекин од средината на март поради пандемијата со коронавирусот која го зафати светот. Од Владата соопштија дека се во секојдневен контакт со Премиер лигата и дека се зборува за враќање на фудбалот.

Првичните информации се дека англискиот фудбал може да се врати на програмата на стартот на месец јуни, само доколку коронавирусот се смири. На мечевите ќе нема публика, а присуство ќе биде дозволено само на службените лица од клубовите, официјалните лица и членовите на екипите и стручниот штаб.

Датата која се предвидува како евентуална за кам-бек е осми јуни, што значи дека крајот на сезоната би пристигнал пред крајот на јули.