Виторул го продаде Јанис Хаџи во Белгија

Еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и член на идеалниот тим на У21 Европското првенство, кое неодамна заврши во Италија и Сан Марино, Јанис Хаџи од следната сезона ќе игра во белгиската Јупилер ПРО лига.

Иако за младиот 21-годишен син на легендата Георге Хаџи потпиша за Генк, а неговиот клуб Виторул, чиј сопственик е неговиот татко, ќе добие меѓу осум и десет милиони евра,

Јанис за три сезони ќе инкасира еден и пол милион евра во Белгија и ќе се обиде да се наметне во некој посилен шампионат, следејќи го примерот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој блесна во Генк и се продаде во Лацио.