Витиња: Не сме истиот тим во однос на првиот меч со Арсенал

Португалскиот фудбалер за врска Витиња зборуваше на прес-конференцијата пред натпреварот меѓу Арсенал и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите. Асот на парижани слично како и тренерот Луис Енрике, нагласи дека парижани се доста променети во однос на претходниот меѓусебен меч.

„Дефинитивно ова е поинаков натпревар во нова фаза од натпреварувањето. Нема да го смениме начинот на кој играме, а секако дека ќе се обидеме со различни оружја да дојдеме до победата. Еволуиравме од октомври и поразот од Арсенал, повеќе не сме истиот тим. Мислам дека нема фаворити за натпреварот. 

Знаеме дека Арсенал е многу силен на прекини, тие се уште истиот квалитетен тим од октомври. Мора да работиме заедно како тим во офанзива и дефанзива, исто како што играат и тие. Најважно е да задржиме ладни глави и да бидеме фокусирани. Тоа ќе биде најважно во овие напревари со огромен притисок“, изјави Витиња.

Во октомври Арсенал на рутина го доби ПСЖ без поголеми потешкотии со 2-0. Сепак, сега ситуацијата е поинаква и притисокот е доста поголем.