Витиња: Лука Модриќ долго време беше пример за мене!

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ официјално ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, напуштајќи го „кралскиот“ клуб како најтрофеен фудбалер во историјата на мадридскиот гигант.

Својот последен настап во белиот дрес Модриќ го имаше во синоќешното полуфинале на Светското клупско првенство во поразот од 4-0 против ПСЖ то го остави без можност да додаде уште еден трофеј во својата богата колекција.

Еден од фудбалерите кои се сметаат за негов наследник, Португалецот Витиња, имаше само пофални зборови за Хрватот.

„Лука Модриќ значи многу за мене. Тој долго време беше пример за мене и задоволство ми е што го делевме теренот на овој за него последен натпревар во дресот на Реал Мадрид. 

Денес бевме одлични, од првата до последната минута и целосно го заслуживме пласманот во финалето. Но, работата не е завршена, преостанува уште еден натпревар“, рече Витиња.

Финалниот натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Челзи се игра в недела од 21:00 часот.