Вистинско ремек-дело, погледнете го дресот за последната сезона на Пандев (ВИДЕО)

Екипата на Џенова во последното коло од сезоната на Серија А си обезбеди опстанок, откако со 3-0 ја совлада Верона и си ја заврши својата работа. 

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев беше најдобар играч во клубот, а иако ја исполни првата цел и ја задржа Џенова во Серија А, тој сè уште сонува да игра на Европско првенство со Македонија. Тоа значи дека струмичанецот и во следната сезона ќе го носи дресот на Џенова, како што во повеќе наврати најави. 

Овој клуб ги презентираше дресовите за новата сезона, па покрај стандардната и многу слична на овогодинешна комбинација со црвено и сино, третиот комплет е вистинско ремек дело. 

  • Презентација на третиот дрес на Џенова:

Новата сезона во Серија А почнува на 18 септември.