Вистински ролеркостер од емоции: Плачеше со Мали, фали авион и другиот ден освои трофеј!

Репрезентативецот на Мали и фудбалер на Фенербахче, Нене Доргелеш, доживеа вистински ролеркостер од емоции овие денови.

Прво, во петокот Доргелеш со својата селекција претрпеа болен пораз против Сенегал (0-1) во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Тој влезе во игра во 55. минута, но не успеа да му помогне на својот тим да избегне елиминација од „Лавовите на Теранга“.

Поразен, разочаран и скршен, тој одлучи веднаш да го напушти Мароко. Во договор со клубот, тој отпатува за Турција со приватен лет истата вечер.

Само еден ден подоцна - сè се сврте. Фенербахче го победи својот најголем ривал Галатасарај (2-0) во финалето на турскиот Суперкуп во саботата, Нене Доргелеш влезе во игра во второто полувреме и - го освои првиот трофеј во својата кариера.

Крилниот напаѓач доживеа вистински ролеркостер од емоции за помалку од 24 часа - помина низ сосема различни ситуации и на крајот излезе како победник. Затоа фудбалот е посебен!