ВИДЕО: Вистински фудбалски феномен – шоу на Кубо среде „Камп Ноу“

Кубо

Такефуса Кубо во наредната сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Виљареал. Стартот на новата сезона за новата екипа на јапонскиот фудбалски феномен донесе висок пораз од Барселона на „Камп Ноу“.

Младиот талент доби шанса во вториот дел и веднаш покажа дека се работи за исклучително квалитетен фудбалер. 

Унаи Емери не погреши што успеа да го договори 19-годишникот, кој сигурно ќе блесне во иднина во дресот на Реал Мадрид.

Мадриѓани го „украдоа“ Кубо и ако не направат слична грешка како Барса, ќе уживаат во неговите атракции во наредните години.