Вистинска војна на улиците: Жестоки судири на навивачите на Џенова и Интер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер славеа на гостувањето кај Џенова (1-2) во натпревар од Серија А, меѓутоа вистински хаос се случуваше на улиците. 

Навивачите кои допатуваа од Милано за натпреварот во Џенова се судрија со домашните, па ситуацијата ескалираше. Двете навивачки групи наводно си фрлале едни кон други со пиротехнички средства и факели, а имаше и запалени возила. 

Полицијата имаше полни раце работа, мораше да користи и солзавец за да ја разбие толпата, но навивачите имаа и блиски контакти. 

Засега нема официјални информации за уапсени или повредени навивачи.