• Иван Димовски
Екипата на Будуќност загуби од Сутјеска (0-1) во првенството на Црна Гора. Овој натпревар го одбележа победничкиот гол на гостинската екипа кој беше во најмала рака бизарен.
Течеше 62. минута од средбата, акцијата се одвиваше по десната напаѓачка страна и стигна во петерецот. Иако топката не беше пренезгодна, српскиот фудбалер Недељко Пишќевиќ во обид да расчисти се сплетка и си даде автогол.
Самиот Пишќевиќ се изнервира и бурно реагираше, а соиграчите не можеа да поверуваат во ситуацијата. Со тој гол Сутјеска стигна до победата и трите бода.

