Висока казна за „тепачот“ Нејмар поради инцидентот со навивачот на Рен

Нејмар

Екипата на ПСЖ заедно со Нејмар што поскоро ќе сака да ја заборави тековната сезона.

И покрај титулата во домашното првенство, „светците“ уште еднаш разочараа во Лигата на шампионите и беа елиминирани од Манчестер Јунајтед во четвртфиналето.

Исто така го загубија и финалето од Купот на Франција, а мечот го одбележа инцидентот по кој Бразилецот физички нападна еден навивач на Рен.

Поради истиот тој си доби казна од пет меча суспензија во сите натпреварувања.

Казната ќе започне од понеделник, што значи дека 27-годишниот напаѓач ќе може да одигра на дуелот со Анжер за време на викендот.

Ѕвездата на францускиот клуб си заработи и казна во Лигата на шампионите поради јавните критики на сметка на судијата. Поради тоа беше суспендиран три натпревари.