• Горан Упале
Екипата на Висла Плок е нов шампион на Полска, откако успеа да приреди сензација во финалната серија со Киелце и по пауза од тринаесет години се радува на трофеј во домашниот шампионат.
Интересно е тоа што Висла и на вториот натпревар беше подобар изведувач на ударите од седум метри. Регуларниот дел од натпреварот заврши со 21-21, а во пенал-рулетот трагичар беше Дилан Наи, односно Мирко Алиловиќ го одбрани ударот и започна големо славје на делот каде што се наоѓаа навивачите на Висла.
Orlen Wisła Płock mistrzem Polski 2024!
Powrót na tron po 13 latach! Gratulacje @SPRWisla! pic.twitter.com/RSpAfSnEvk
— Maciej Wojs (@m_wojs) May 26, 2024
Висла својата последна титула ја освои во сезоната 2010/11, а оваа е нејзина втора во клупската историја. Со овој успех тимот предводен од Сабате патува директно во групната фаза од Лигата на шампионите, додека Киелце ќе чека на „вајлд-карта“ од страна на ЕХФ.