Висла Краков се распрашува за Шишковски

Македонскиот голман Дамјан Шишковски во текот на зимскиот рок би можел да замине од нашето првенство и да стане интернационалец, затоа што за него постои интерес од екипата на Висла Краков.

Чуварот на мрежата на „романтичарите“ е на истек на договорот со Работнички, па за него веќе се распрашуваат неколку клубови. Gol.mk дознава дека во игра за потписот на младиот голман е и полскиот гигант Висла Краков, кој по 17 одиграни кола на табелата се наоѓа на шестото место.

Висла важи за еден од најголемите клубови во Полска, а во својата историја има 13 шампионски титули во елитата, како и четири Куп-титули и по еден Лига Куп и Суперкуп. Шишковски е дете на Работнички, а во кариереата имаше само еден странски предизвик, кога настапуваше за белгиски Гент.

Доколку дојде до трансфер во редовите на Висла Краков, за Шишковски, кој беше еден од најдобрите играчи на Работнички во европското лето и натпреварите против Тре Пене и Динамо Минск, тоа ќе биде втора интернационална авантура.