• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Конго го постигна првиот историски гол на Светското првенство и тоа ниту помалку, ниту повеќе против големата Португалија.
На своето второ учество на Мундијалите репрезентацијата од Африка го постигна првиот погодок преку Жоан Виса. Ѕвездата од Премиер лигата остана подзаборавен во шеснаесетникот, доби нафрлување и со глава го матира голманот Диого Кошта.
Конго првпат учествува на Светско првенство под ова име, бидејќи во 1974 година настапуваше како Заир. Тогаш одигра во првата групна фаза и не постигна гол, а губеше со 9-0 од Југославија, 3-0 од Бразил и со 2-0 од Шкотска.






