Вирусот зеде нова жртва: Почина поранешен светски првак и легенда на Лидс

Легендата на Лидс Јунајтед, Норман Хантер ја загуби битката со животот и почина на 76-годишна возраст, откако претходно беше тестиран позитивен на коронавирусот. 

Хантер важеше за еден од најдобрите дефанзивци во својата генерација, за што добиваше и неколку признанија на Островот. Пред околу една недела тој бил хоспитализиран поради критичните години и заразата од вирусот, каде и покрај борбата не успеа да го победи смртоносниот вирус.

Поранешниот стопер настапуваше во екипата 14 сезони, каде како изданок на Лидс беше стандарден со 726 одиграни натпревари. Заедно со тимот освои две титули во Премиер лигата во сезоните 1968/69 и 1973/74, еден трофеј во ФА Купот, а беше и светски првак со Англија во 1966 година.