Вирусот е минато, Ангеловски ќе може да смета на сите фудбалери против Лихтенштајн

Утрово пристигна добра вест за селекторот Игор Ангеловски и македонските фудбалски фанови, откако се обелодени дека фудбалерите кои беа „нападнати“ до стомачен вирус се добро и ќе можат да настапат против Лихтенштајн. 

Аријан Адеми, Стефан Спировски, Стефан Ристовски, Мите Цикарски и Бобан Николов поради болки во стомакот не го одработија вчерашниот тренинг, но благодарение на напорната работа на лекарскиот тим на селекцијата, успеаја да ја добијат битката со вирусот и ќе бидат подготвени за настап на дуелот со второпласираната селекција во нашата група. 

Фудбалската селекција на Македонија, вечерва на „Филип Втори“ го игра третиот натпревар од Лигата на нации и за задача ќе има да ја продолжи серијата на победи во Групата 4 од Лигата Д.